Нема баш сите Срби да го паметат Бразил по лошо

Србија загуби од Бразил и го заврши настапот на Светското првенство, но некои од навивачите на нашиот северен сосед си најдоа утеха на трибините.

Бразил рутински ја победи Србија која немаше шанси со силниот противник. Србите се разочарани по елиминацијата уште во групната фаза, но има и такви кои по убаво ќе ја паметат оваа вечер.

Фотографијата од српски навивач како бакнува Бразилка ги преплави социјалните мрежи. Кога не можеа фудбалерите да го израдуваат, самиот тој се снајде како да си помине убаво на стадионот во Москва.

- Реклама -