Apple Maps се нефункционални

Со претставувањето на нивниот најнов телефон, iPhone 5 и апдејтот на оперативниот систем за мобилни уреди iOS 6, Apple решија да направат еден по малку чуден потег – се откажаат од одличниот и докажан сервис за мапи – Google Maps и решија да понудат свој, наречен Apple Maps. Резултатите се далеку под она што го очекуваа лојалните корисници.

Полека се собираат реакциите од целиот свет и пресудата е речиси едногласна – Apple Maps е нефункционален сервис. Се појавија слики кои покажуваат: облаци наместо мапи, полегнати споменици, полузаматени градови, но и мапи кои изгледаат како да ги цртале деца од 2 години.

Париз

Лондон

Падерборн

Њујорк

Малме

Келн

Бостон

Токио

Скопје

via @delicon

- Реклама -