Што е сличноста меѓу менструација и инфаркт?

Докторите конечно го потврдија тоа што жените одамна го знаат – менструалните грчеви се многу, многу болни.

Всушност, Џон Гилбад – професор по репродуктивно здравје на Универзитетскиот колеџ Лондон, објаснува дека пациентките што страдаат од дисменореа (друг израз за болна менструација), болката ја опишуваат речиси идентично како и пациентите што доживеале срцев удар.

Менструалната болка го попречува нормалното дневно функционирање кај околу една од пет жени, но често докторите ги занемаруваат симптомите и препорачуваат апчиња, иако ибупрофенот некогаш едноставно не помага.

Од ендометриозис, втората најголема причина за менструална болка, се смета дека страдаат околу една од десет жени што овулираат. Состојбата предизвикува клетки слични на тие во обвивката на матката да растат и во други делови од телото, а тоа може да предизвика низа симптоми: болна менструација, замор, проблеми со цревата и бешиката, па дури и неплодност.

Во просек, потребни се 7.5 години за една жена да биде дијагностицирана со ендометриозис. Главната причина е ниската свест, загрижувачкиот недостаток од истражување, и малкуте опции за третман. Во суштина се работи за долга историја на занемарување на менструалната болка во медицината, која едно време се сметала и за женска хистерија. Останува на медицинските научници и медицинската фела да ја поправат грешката.

 

- Реклама -