Зошто тече вода од дрвово во Црна Гора?

Неодамна, Радио Слободна Европа објави видео од еден редок интересен природен феномен во селото Диноша во југоисточна Црна Гора.

Таму, среде ливада, има една дудинка што при секој посериозен дожд се претвора во фонтана. Од шупливиот труп на дрвото почнува да тече вода како некој намерно да го направил такво, но тој некој е само и единствено природата.

Зошто се случува? Имено, дождовите ги поплавуваат подземните извори, а зголемениот притисок прави водата да излегува на површината низ отворите и пукнатините, во конкретниов случај на стеблото на дрвото, сé додека не стигне до процепот на околу половина метар од земјата, од каде се излева како од чешма.

Ама, како што можете да видите, и почвата наоколу е прилично заситена со вода, што е уште една потврда за теоријата дека доаѓа до преполнување на подземните извори. Се гледа вода како извира и од други дупки во почвата, а не само низ дрвото. Кратко речено, ако целата област е една чаша, таа чаша се прелева секогаш кога солидно ќе заврне.

Според еден локален жител, ова се случува најмалку веќе 20-25 години. За дрвото се смета дека е старо 100-150 години.

И додека дрвото-фонтана во Црна Гора е навистина уникатно, феноменот го има и во други делови од светот. Во естонското село Тухала, на пример, има бунар кој претекува секогаш кога има обилни врнежи. Тој бунар, исто така, се наоѓа токму над подземна река. Кога водата од дождот ќе ја поплави реката, притисокот на водата прави таа да извира од бунарот, некогаш до висина од половина метар. Тоа трае по неколку дена. Додека трае, од бунарот се излеваат и по повеќе од 100 литри вода во секунда.

The local legend is that the witches of Tuhala gather in the sauna underground and beats each other vigorously with birch branches causing water to pour out on the surface. They call it the Witch’s Well.

- Реклама -