Габи можат да ја направат и најевтината виолина да звучи како Страдивариус

Страдивариус виолините се стандард за квалитетна виолина уште од создавањето на првата во седумнаесетиот век.

Модерната технологија им овозможи на научниците да ги измерат сите варијации во Страдивариус виолините, да го анализираат звукот а сега се чини дека секоја евтина виолина може да звучи прекрасно со само мала количина габи.

За добра виолина покрај мајстор е потребно и квалитетно дрво. Швајцарскиот експерт за дрво, професор Францис В. М. Р. Шварц, успешно модифицирал дрво за виолини со третман со специјални габи. Третманот ги променува акустичните својства на инструментот, со што тие звучат незабележително слично на Страдивариус.

Ниската густина и големата брзина и високиот модул на еластичност – кавлитети кои се клучни за идеален звук на виолина. Во доцниот седумнаесетти и раниот осумнаесетти век познатиот автор на виолини Антонио Страдивари користел специјално дрво кое растело во студениот период помеѓу 1645 и 1715 година. Во долгите зими и свежи лета дрвото растело особено бавно и рамномерно, создавајќи ниска густина и голема еластичност.

До сега модерните креатори на виолини можеа само да сонуваат за дрво со ваков квалитет. Професор Шварц би можел да создаде дрво со сличен квалитет за создавање виолини. Тој открил два нови видови на габи (Physisporinus vitreus и Xylaria longipes), кои имаат сличен ефект врз норвешка смрека и секвоја – двете најважни типови дрво за производство на виолини – и го подобрува нивниот квалитет. [Treatment with fungi makes a modern violin sound like a Stradivarius]

- Реклама -