Кражбата на Енфилд

Синоќа Ливерпул и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар на Енфилд Роуд кој заврши со резултат 2:2.

Од едната страна, без конкуренција Салах беше најдобар на теренот, додека од другава, Ванјама постигна брилијантен погодок, иако главен играч на гостите сепак беше Мос (со супер поддршка од неговиот асистент Смарт).

Имено натпреварот го отвори Салах во раните минути, а Ливерпул доминираше на теренот во првото полувреме. Тотенхем даде гас во второ и беше далеку поконкретен, додека Кариус блескашена голот на домаините.

Во 80-тата минута Ванјама постигна брилијантен гол од голема далечина, а натпреварот доби на темпо. А резултатот беше 1:1

Во 87-та минута при асистенцијата до Кејн, Ловрен падна близу до топката, можеби и го допре, Кејн ја прибра во негов стил и го помина Кариус кој немоќен, наместо на топката, интервенираше на неговата нога, иако не го ни допре, Кејн ја насади неговата нога во рацете на Кариус, во стилот на расни голгетери кои се снаоѓаат при вакви ситуации, сомнителен пенал.

Сепак немаше да има пенал доколку судијата виде дали навистина Ловрен ја допре топката. Доколку не ја допрел, тогаш 3 секунди порано, требаше да свири офсајд. Доколку ја допрел, офсајд нема и пеналот е регуларен.

Погледнете на кој начин Мос и неговиот помошник Смарт ја донесоа одлуката за пенал.

Еве го и разговорот помеѓу судиите:

Кажи ми уште еднаш“, му вели Мос на својот помошник.

„Јас те прашувам, бидејќи мора да биде јасно, дали Ловрен ја допре топката? Ако ја допре, тогаш тоа е намера и тогаш е пенал. Ако не ја допре топката, тогаш е офсајд“, појасни помошникот судија Смарт.

„Немам поим дали Ловрен ја допре топката да бидам искрен. Мартин дали има нешто од телевизија? Досудувам пенал“, рече Мос.

И така и бидна пенал, кој за среќа на домаќинот Кариус го одбрани и Кејн не успеа да го забележи својот 100-ти Премиерлигашки погодок. Кејн шутна поаматерски од било кога, споро со благо ефе по средината на голот.

Резултатот остана нерешен.

Во 91-та минута Салах во негов стил ја презеде ситуацијата во свои „нозе“ и како „мали деца“ ги раштрафи одбранбените играши на Тотенхем и ја заби топката во голот за 2: за Ливерпул.

Кога сите мислеа дека Ливерпул ќе се закова на 3-тото место на табелата со плус 3 од Челзи и минус 3 од Јунајтед, се случи ова.

94-та минута…

Судијата најпрвин ги рашири рацете сигналирајќи дека нема пенал, а по 10 секунди по реакцијата на помошникот, повторно Смарт, покажа на белата точка. На снимката јасно се гледа дека Виржил Ван Дајк, ја повлекува ногата и буквално не го ни допира Ерик Ламела, кој паѓа во противничкиот шеснаесетник како покосен. Оценете сами дали станува збор за пенал.

Кејн повторно ја става топката на белата точка и го погодува 100-ти0т премиерлигашки гол. Нека му е со среќа.

Дефинитивно по ова, англиската јавност се прашува зошто се уште се чека на воведување на „ВАР“-технологијата.

Еве и фул хајлајтс од натпреварот, барем да го видите брилијантниот Салах и голот на Ванјама.

- Реклама -