За кога ќе ве прашаат, абе колку години има овој Буфон?

Легендата на Јувентус и Италија, освојувачот на Светското и Европското првенство, како и многуте титули во Италијанското првенство со неговиот еден и единствен Јувентус, денеска полни 40 години.

Прв пат проба професионални ракавици 1990-тата и не згреши. За него со гордост можеме да речеме дека е еден од најдобрите голмани кои се родиле на планетава. Има играно сѐ што може да се изигра и освоено сѐ што може да се освои, освен Лига Шампиони.

Џиџи, жив и здрав и уште долго да те гледаме меѓу стативите, барем додека не си го освоиш трофејот што ти фали за да ја комплетираш колекцијата.

- Реклама -