27 фотки што прават човек да се запраша што е реалност

Си тераш секојдневие, сé си видел, се ти е рамно. И одеднаш налетуваш на глетка што неизбежно прави да се запрашаш: Чекај, јас ова да не го сонувам? Ама не го сонуваш. Едноставно универзумот е полн со мистерии. Или е матриксот полн со грешки. Козјнае.

1. Стрмна улица. Мајндфак улица.

2. Ѕиркаш низ прозорот – пролет. Ѕиркаш низ стаклото на вратата – зима.

3. Или се договориле да играат мајтап, или овде нешто чудно се случува.

4. По сите правила и логики, мачка никогаш нема да скокне во вода за да ти го врати стапчето што си го фрлил. Ама ете.

5. Сенка има, дрво нема.

6. Скршена Nokia? Нема шанси.

7. Бирај гориво: Имаш регулар, премиум, дизел и кафе.

8. Како???

9. Ова се луѓе или што е работава?

10. Кој кого тренира?

11. Дебели суперхерои може да има само во свет без криминал. Кога последен пат проверивме, нашиов не беше таков.

12. Се ископирало по грешка.

13. И ова.

14. Само обичен облак во форма на топка. Ништо посебно.

15. Океј, кучево се тегне. А после се собира или?

16. Не, не, ова не може да е човечко дело!

17. Некој ги поминал со џиновска косилка. Што има тука чудно?

18. Статистиките покажуваат дека луѓето што носат зелен дуксер имаат поголема тенденција да читаат весник… Океј, не статистиките, туку сликава.

19. Она кога друг ти ги носи ракавите од твојата маица.

20. Излегол од рекламата малку да прошета.

21. Портал

22. Се шушка дека постои паралелен универзум во кој најкористен е оперативниот систем Binbows, на Мајклсофт. Тој универзум веројатно се вика Кина.

23. Се случил „error“ при копирањето.

24. Водава абер нема како треба да тече.

25. Магично огледало?

26. Она кога ќе го стават матриксот на најслаба графика.

27. Замислете да се свртат и сите четири да изгледаат исто…

- Реклама -