Кој спомна дека големината не е важна!

Кевин Визбит – Фотошоп ентузијаст, земал и направил неколку фотографии што ги доловуваат нештата во перспектива, за да ни ја покаже нивната реална големина. Верувајте, ќе бидете изненадени.

1. Најголемиот ракетен мотор на NASA (M-1) спореден со Smart.

2. Праисториски скорпион спореден со денешни мачки

Праисториските инсекти биле многу поголеми, поради тоа што имало повеќе кислород. Шкорпионите од видот Pulmonoscorpius, на пример, достигнувале и до 60 сантиметри.

3. Најголемиот нафтен танкер спореден со Централ Парк, Њујорк

4. Титаник спореден со модерен носач

Во своето време, Титаник бил еден од најголемите бродови. Бил долг 269 метри. Но, ако го споредиме со носачот „Роналд Реган“, веќе и не изгледа толку голем. Носачот е долг 333 метри.

5. Радио-телескоп спореден со Лас Вегас

Најголемиот радио телескоп е лоциран во Кина, а има дијаметар од 500 метри. Вака би изгледал во центарот на Лас Вегас.

6. Еден од најдлабоките рудници спореден со една од највисоките згради

Дијамантскиот рудник Мирни е еден од најдлабоките во светот – 525 метри. Ако во него ја ставите втората највисока кула во САД, Willis Tower, ќе ѝ се гледа само врвот. Висока е 527 метри.

7. Бомбардер B-2 на стадион за американски фудбал

B-2 е еден од најголемите и најскапите бомбардери во светот. Распонот на крилата му е 50 метри.

8. Бурџ Калифа споредена со Емпајр Стејт Билдинг

Бурџ Калифа е висока 828 метри, што значи 447 метри повисока од Empire State. Пробива и над облаците.

9. Death Star од Star Wars споредена со Земјата

На сликава лета над Флорида.

Замислете колкава би била да се појави на нашево небо.

- Реклама -