Valve се подготвува за развивање на хардвер

Valve Software има нов оглас за индустриски дизајнер што е само потврдување дека планира да развива сопствен хардвер.

Според огласот Valve во моментов е „фрустриран од недостигот на иновации во светот на компјутерски хардвер“ и сака да „придонесе“ со сопствена платформа. Огласот нуди уште повеќе детали, налагајќи дека компанијата планира да се фокусира и на методи за внес на информации.

Огласот додава: „Дури и основниот метод за внес на информации, тастатура и глувче, не се подложни на значајна промена во текот на годините. Има огромна празнина на пазарот и се занемаруваат шанси за создавање на одлично искуство за корисниците.“

Дефинитивно е јасно дека Valve тимот планира да воведе нешто ново во пазарот. Огласот се појави набрзо откако Steam сервисот најави дека ќе почне да продава и друг софтвер покрај видео игри. Веќе долго време има гласини за “Steam Box” – конзола поврзана со Steam на која ќе можете да играте видео игри на вашиот телевизор преку USB контролер – кои Valve претходно упорно ги негираше. [Why PC hardware needs a company like Valve to truly innovate]

- Реклама -