Мрсење суканици меѓу Џереми Лин и Кенион Мартин

Од скоро, Џереми Лин рока уште една нова фризура, но овој пат работата е многу повеќе замрсена – сега се суканици. Ако тек-тук следите случувања во САД, веројатно знаете дека ако не си црн, во Америка е зезнато да носиш суканици, заради фамозната „културна апропријација“.

За другите, да појасниме; културната апропријација значи присвојување на туѓа култура (во пракса најмногу важи за „црната култура“, бидејќи црнците се најгласни во побуната, а богами и баш тие го прославија терминот). Во случајот со суканиците, (некои од) црнците сметаат дека им припаѓаат на нивната „црна култура“, и многу се лутат кога некој друг ги носи. Под „лутат“ мислиме на „го нарекуваат расист и некогаш дури му упатуваат и физичка закана“. Настрана што суканици низ историјата носеле и Еѓипќани, и Викинзи, и Германи и кој ли уште не.

Како и да е, Џереми Лин излезе на терен со суканици. Лин има кинеско-тајванско потекло, ама е Американец, роден во Калифорнија. Сепак, НБА ѕвездата си знаеше што го чека, па напиша цел есеј околу суканиците, во кој повикува на толеранција, меѓусебно разбирање и помалку осуда. Да, до таму е работава, да мора унапред да се извинува.

Но во истиот тој есеј, Лин пишува и за тоа дека долго се двоумел околу суканиците. Знаете кој го убедил? Соиграчите, персоналот, и фризерката на Бруклин Нетс. Сите овие (тие што го охрабриле) се црнци.

Арно ама, ете, се јави и пензионираниот Кенион Мартин – (поранешен играч на Нетс, кога беа Њу Џерси), да му каже на Лин дека суканиците се за црнци:

„Морам ли да го потсетувам (this damn) момче дека презимето му е Лин? Дај човече, некој стварно треба да му рече: Океј брат, сфативме, сакаш да си црнец. Јасно ни е. Ама презимето ти е Лин, океј?“

На ова, Џереми Лин му врати вака:

„… Ценам што јас имам суканици, а ти имаш кинески тетоважи, бидејќи сметам дека тоа е знак на почит. И сметам дека како малцинства, колку повеќе меѓусебно си ги цениме културите, толку поголемо влијание ќе имаме во мејнстрим општеството… Фала за сé што направи за Нетс. Пораснав со твојот постер на ѕидот“.

УПС!

Реакциите на интернет, нормално:

DAAAM!!!
- Реклама -