Белец си и фураш раста? Сакаш косата да ти биде сплеткана и на купче, ти се допаѓа констрастот на суканиците со твојата бела глава и сметаш дека нема ништо лошо во тоа? Во еден рационален, логичен и пријатен свет за живеење ти би бил/а сосема во право. Ама во современата токсична средина на културен и морален релативизам, ти си само едно бело гомно од човек.
Во искривениот универзум на западниот мазохизам, доминиран од вечните поплаки на малцинствата, политики на идентичност и омраза кон белата боја на кожата, вашиот избор на фризура е акутна и неподнослива форма на „културно присвојување“, кое пак се поистоветува со типичното, несвесно расистичко однесување на луѓето со вродена привилегија. А луѓето со вродена привилегија се белците.
Баш така, лудилото на модерните воини за социјална правда се разлеа и во полето на личната слобода да ја носиш косата како ти се сака. „Носењето на раста/суканици/dreadlocks од белци е одвратно“, лаат едногласно и со стегнати заби медиумите, блогерите, професорите, активистите и претставниците на западната либерална елита.
Џастин Бибер го исплукаа кога си направи суканици, бидејќи на тој начин ја присвоил африканската култура. Мислам, не сме фанови на Бибер, ама озбилно? Исти напади следеа и за Мајли Сајрус кога реши да се пофали со сплетените руси прамени. А реално, растата е можеби единственото нешто за што Бибер и Сајрус не заслужуваат критика. Но, ете, наместо никаквата музика, нивните суканици станаа главна мета на либералната огорченост и критика.
***
Пред неколку дена, лудилово со „културното присвојување“ („стручно“ наречено „културна апропријација“ во академските и снобовските кругови) беше олицетворено во едно вознемирувачко видео снимено некаде низ ходниците на американскиот универзитет во Сан Франциско.
Ете, рандом бел студент со раста е пресретнат од агресивна црна кокошка… овај… колешка, која му попува дека нема право да ја носи оваа фризура, бидејќи тоа било дел од нејзината култура. Башка му се заканува вербално и физички му го блокира патот повлекувајќи го за рака.
Дечково има супер аргумент: „Суканици носеле и Еѓипќаните. И Еѓипќанка ли си? НЕ!“ (а суканици/плетенки носеле и Викинзите), ама џабе. Двајцава „бранители на црната култура“ одбиваат да согледаат дека теоријата за културна апроп… културно присвојување е смешна и се граничи со лудост и психопатија.
Логично, видеово брзо стана вирално. Но само еден ден подоцна, либералниот медиумски простор лансираше пропагандна војна против дечково со суканиците и ги вложи сите напори да го одбрани срамното однесување на девојката со афрото.
И така, уште еден обид за тотална замена на реалноста. Црното станува бело, злото се претвора во добро, вистината е лага, а растата е расизам. Анегдотичните фарси со Мајли, Џастин и други познати белци што го украле овој толку важен елемент од „црната култура“ се таложат во јавниот простор. Туку, медиумите нека си мелат што сакаат, ама што е со реалните последици од таквото извитоперување на вистината? Во Америка и западните земји, тоа се шири како епидемија.
Денес универзитетите се инкубатор на новата преголема нетолеранција и расизам. Овој пат, жртва на расизам е белото мнозинство. Академиите изобилуваат со „кодиран говор“ (како што е n-word), „забранети зборови”, курсеви за „културна сензитивност“ во кои се обучуваат белите студентите како да комуницираат со претставници од малцинствата, „црни простори“ каде е дозволено присуство само на црнци и други форми на прогресивно општествено лудило.
Растата, од друга страна, не само што не е ексклузивно културно наследство, туку и да беше, реално нема ништо лошо во тоа секој да си „присвојува“ туѓа култура кога во прашање е неговата фризура. Ако не е добар во тоа, секогаш се тука пријателите за да му се потсмеваат. Но, тоа треба да се случува на индивидуално ниво, а не на групно и општествено. Не може да се забранува и да се осудуваат цели сегменти од општеството да носат одредени фризури или облека, и да зборуваат за одредени нешта.
Овие модерните поборници за социјална правда како да сакаат нова сегрегација, во која доминантната култура е ограничена во пристапот до групите на кои се гледа како на „маргинализирани малцинства“. Тоа е отровна и нечовечка програма за организација на општеството и тажно е што изгледа дека ја има целосната поддршка на современите левичарски, прогресивни, анти-западни западни елити.
Кога сме кај белите луѓе со суканици, еден малку познат комичар ќе рече: „Се претпоставува дека сите црни луѓе со суканици пушат марихуана. Тоа не е точно. Точно е дека сите бели луѓе со суканици пушат марихуана“. А кој пуши, зло не мисли – тоа е општо познат факт. Океј, шалата на страна, оваа хајка против белците со раста може да се опише само со еден од забранетата листа на зборови – булшит.