Зошто IOS 11 одбива да исклучи WiFi и Bluetooth? Баг или намерно?

Одамна е познат стандардот дека Wifi и Bluetooth се гасат кога не ни се потребни. Но, новиот софтвер на Ајфон бајаги ги има замачкано овие работи.

До збунувачкиот контролен центар се стигнува со помош на свајп одоздола – нагоре (од дното на екранот), но тука ќе најдете опција за исклучување на Wifi и Bluetooth кои всушност не се исклучуваат. На прва ви звучи како баг, но не е! Епл свесно го има дизајнирано новиот оперативен систем вака. Експертите предупредуваат дека најголемиот дел од корисниците на Епл нема да бидат свесни за оваа промена и ќе ги остават мрежите отворени без да знаат.

Чиста глупост“ вели Колин Малинер кој со години се бави со безбедносните аспекти на блутут врските. „На корисникот никаде, ништо не му е објаснето“.

Тој вели дека за воља на вистината Епл и сака да ги оставаме нашите конекции уклучени. Имено, официјалната документација наведува дека кај „IOS11 и новите системи“ WiFi и Bluetooth  командите во контролниот центар ги деактивираат WiFi-то и блутутот, но не ги прекинуваат и самите конекции.

„Причината е што Епл сака секој уред да остане поврзан на AirDrop, AirPlay, ApplePencil, Apple Watch, Location Service, и сите останати сервиси“.

Еве еден тест на IOS 11. Сакаме да исклучиме WiFi и Bluetooth, ама не оди…

Андреа Баризани, експерт за сајбер-безбедносни прашања, кој воедно е и еден од ретките кои ја имаат забележано оваа новина, вели дека промените на интерфејсот на новиот IOS не се воопшто очигледни, а сепак на верниот и искусниот корисник на Ајфон му создаваат чувство на неудобност и пречки во користењето на телефонот. 

„Да го исклучите  WiFi-то и Блутутот значи да ја намалите можноста од било какви напади на хардверот, фирмверот и софтверот, па токму затоа и се смета за добра пракса. Минатата недела е забележана серија багови во имплементацијата на блутутот кај некои оперативни системи преку кои хакерите можат да пристапат до уредот на кој е активирана блутут конекција – дури не треба корисникот воопшто ни да кликне на некој сомнителен линк или слично“.

За ова од Епл не биле спремни да дадат одговор.

Затоа, Драги Ајфонџии, ако сакате да исклучите WiFi и Блутут на IOS 11, веќе не можете во контролниот центар, туку ќе морате „пешки“ во SETTINGS. 

- Реклама -