Герилско плетење како форма на нервирање на системот

Џули Корнблум од Лос Анџелес обожава плетење. Ама не плете за внуци, не плете шалови и не плете џемпери. Таа е yarn bomber – „бомбардер со волнени конци“, ако преведуваме буквално.

Џули шпарта по улици и ги прикачува нејзините плетени парчиња на бандери, дрва, метални столбчиња и други урбани елементи. Вели дека нејзиното плетење е акт и израз на побуна, исто како графитите, но со тоа што не ја оштетува површината/објектот.

Во школо ја учеле дека уметноста во својата основа треба да има некаква порака, а не само да биде убава. Пораката на Џули е: еб* го системот! Тоа ја ослободува од товарот на бесмисленост на герилското плетење, ама и од забегување во квази-филозофско-уметнички фекални води во кои денешен просечен млад уметник радо би зацапал за да оправда некакво „апстрактно“ плетено парче.

- Реклама -