12-годишно момче ја силувало 4-годишната сестричка

12-годишното момче од Брајтон, Британија, што ја силувало својата тогаш 4-годишна сестричка, поседувало обемна порнографска содржина на својот мобилен телефон, речено е на сослушувањето. Тоа се случило во повеќе наврати, додека со сестричката „играле жмурка“.

На крајот, девојчето ѝ признало сé на мајка си, додека ја капела. Момчето, кое сега има 13 години, во меѓувреме го призна силувањето, и е прогласено за виновно. Експертите за злосторства извршени од млади лица сега ќе поминат неколку седмици за да утврдат дали момчето претставува ризик за јавноста и дали треба да се соочи со затвор.

На претходните рочишта, мајката на девојчето (кое му е полусестра на момчето) плачеше додека ја опишуваше ситуацијата кога ќеркичката ѝ признала. „Ми рече дека има нешто да ми каже. Важно ѝ беше. Ми рече дека се случило додека играле жмурка… Ми рече дека ѝ нудел од своите слатки за да ја убеди. Ми рече дека тоа не ѝ се допаѓало, ама ѝ се допаѓале слатките. Ја прашав зошто не ми кажала, а таа ми рече дека брат ѝ ѝ рекол да не кажува…“.

Судијата, пак, го предупреди момчето дека се соочува со можност за потешка затворска казна…

. . . И сега, кој е крив? Порничите со „сестра“, „мајка“, „полу-сестра“ во секој втор наслов? Технологијата? Децата?

- Реклама -