Извинување од професорот, 11 години подоцна

Џулијан Еделман е дел од тимот на New England Patriots, и е голема фаца во американскиот фудбал. Како и зад сите успешни луѓе, и зад него стојат такви што не верувале дека ќе успее.

Имено, неодамна добил писмо од еден професор кој му предавал пред 10 години, додека уште бил средношколец. Во писмото вика вака:

„Драг Џулс, не сум сигурен дали ме паметиш: Ти бев професор по англиски во Колеџот на јужен Мериленд, пролетта 2006-та.

Сакам да ти пишам од пред, ох, изгледа како да се илјада години, за да ти се извинам за непромислениот коментар што ти го дадов тој семестар. Можеби дури и не се сеќаваш на него, но се чувствувам лошо поради тоа со години.

Ти искоментира нешто околу „заминување во лигата“, а јас реков нешто од типот дека треба да се поставуваат реалистични цели, и дека само малкумина влегуваат во рангот на професионалните спортисти, бла, бла, бла. Не мислам дека нешто ти влијаеше, искрено, ама кога се сетив на тоа се почувствував ужасно. Не затоа што ти ми докажа дека сум бил во грешка, туку бидејќи изразив неедуцирано мислење што имплицира дека имав презир кон твојата пасија кон спортот.

Мислам дека беше на почетокот на семестарот, пред да те знам, ама како можев да се посомневам во твојата упорност и смелост – не ми е јасно. Пак ќе речам, се сомневам дека некогаш и си помислил на ова, ама дури и да е така, се извинувам што тој ден така силно си гризнав од опашот“.

Еделман го сподели писмото од професорот, и додаде заклучен коментар:

„Постави си ги целите високо. Направи сé е потребно за да ги постигнеш“.

 

- Реклама -