Арнолд Шварценегер вози чудовиште

Иако во времето кога беше гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер потпиша еден од најстрогите закони за контрола на емисијата на штетни гасови од автомобилите, денес тој се вози наоколу во чудовиште тешко 5 тона…

Веројатно секој што може без проблем да си дозволи да даде 250.000 долари за кастомизирана верзија на Мерцедес-Бенз Унимог пикап, нема никаков проблем да живее според максимата – не прави она што правам, туку она што ти велам. И не, Шварценегер воопшто не е во средовечна криза!

- Реклама -