Спасување на коза закачена на далновод…

Од рубриката „чудни ствари што ги најдовме на интернет“. Се случува во Лариса, Грција.

https://youtu.be/MVkG8MvXzU8

Откако сите затекнати колективно успешно се направија „на Тошо“ околу фактот дека спасувањево се одвиваше со метална скала, и дека ако кабелот под висок напон се скинеше ќе им паднеше директно врз главите (или баш врз скалата), новинарите тргнаа да го постават единственото разумно прашање.

– „Добро, како ти усп…?“
– „Не прашувај…“ , брзо ги прекина козата и засрамена и со брз чекор замина кон зајдисонцето.

- Реклама -