Папата воведе нова категорија светец

Папата Френцис воведе една од најзначајните промени во последниот век во процедурата на Католичката црква за прогласување светци. Додадена е нова категорија/нов критериум – за луѓе кои ги дале своите животи со цел да спасат туѓи,

Досега, процедурата што водеше до „светост“ – позната како „кауза“, беше ограничена на три категории. Почнуваше по смртта на лицето во прашање.

Првата категорија е мачеништво, и се однесува на случаи кога лицето е убиено како последица на омраза на кон христијанството (од страна на тие што убиваат). Втората се однесува на лица кои живееле исклучителен христијански живот. Третата и помалку користена, се однесува на луѓето кои уживале репутација на светци и многу години по смртта.

Четвртата категорија, што Ватикан ја објави по одлуката на папата, се однесува на луѓето кои воделе добар христијански живот и направиле нешто за да спасат туѓи животи, знаејќи дека тоа ќе води до сигурна или брза сопствена смрт.

Еден пример би бил Максимилијан Колбе – полски свештеник во нацистичкиот логор на смртта – Аушвиц. Колбе се понудил да го заземе местото на еден друг затвореник – осуденик на смрт со глад при една групна казна поради обид за бегство. Нацистите не го дозволиле тоа, и го убиле Колбе со смртоносна инекција. Каузата (прогласувањето за светец) на Колбе почнала во 1955 година, согласно поранешните правила, а за светец е прогласен во 1982 година.

Кандидатите за светци чии каузи во иднина ќе почнуваат врз основа на новата категорија, сепак ќе мораат да имаат по две чуда на своето конто. За појаснување, Католичката црква ги прогласува за светци луѓето кои биле сметале за свети уште додека биле живи, а за кои се верува дека сега се со Бога и можат кај него да се заложат за остварување на чуда. Чудата обично се медицински необјасниви излекувања.

- Реклама -