Дизелот загадува повеќе отколку што мислевме

Загадувањето од дизел моторите е неспоредливо поголем проблем отколку што покажале дури најмрачните проценки по скандалот Дизелгејт, тврди тим научници од Универзитетот во Колорадо, на чело со проф. Дејвинн Хенце.

Научниците споредиле податоците од 30 студии на различни автомобилски пазари, вклучувајки ги оние од ЕУ, САД, Русија, Јапонија, Индија, Кина, Јужна Кореја… Заклучокот им е дека масовно дизел моторите испуштаат доста повеќе штетни материи отколку што дозволуваат стандардите. Во 2015, на пример, вкупните емисии азотен оксид од дизелската понуда надминуваат 13 милиони тони, наместо 8,6 милиони, колку што дозволуваат внесените на различните пазари стандарди. Според тимот на Хенце скоро три четвртини од штетните азотни соединенија се испуштаат од товарни и комерцијални возила. Тие не ги исполнуваат стандардите поради недоволно строгите тестови и неправилна одржување.

Научниците пресметуваат дека само разликата помеѓу декларираните и реалните емисии води до 38.000 случаи на предвремена смрт годишно. Извештај на Европската агенција за животна средина од минатата есен, тврди дека во ЕУ годишно од загаден воздух умираат 467.000 луѓе. Светската здравствена организација пак пресметува дека 92% од човештвото живее, дише воздух над дозволените норми на загадување.

- Реклама -