Контролирана детонација на бомба во Минхен (видеа)

Стотици жители биле евакуирани од центарот на Минхен откако германските власти не успеале да демонтираат бомба од 250 килограми.

Бомбата од Втората Светска Војна била најдена закопана неколку метри под земја. Иако во целата земја имало десетици илјади неексплодирани бомби, оваа бомба не можела да биде демонтирана поради што била потребна контролирана детонација.

{youtube}9BQIE00_3o8{/youtube}

Експлозијата се случила околу 10 часот по локално време во вторникот и ги искршила сите прозорци во околината и започнала неколку мали пожари. Немало повредени и на евакуираното население му било дозволено да се врати во своите домови.

Експертите велат дека овој инцидент е само најава за многу слични случки во иднина. Неексплодираните бомби стануваат многу поопасни поради деградацијата на материјалите со текот на времето и еродирањето на безбедносните елементи во запалките.

{youtube}Z4uxYlbLCXU{/youtube}

Заканата важи и надвор од Германија, помеѓу соседните земји, каде што биле користени слични бомби во текот на војната. Откритието на неексплодирана бомба од Втора Светска Војна вчера предизвикало затварање на еден од терминалите на Schiphol аеродромот во Амстердам, по што неколку летови биле или откажани или значително одложени.

- Реклама -