96-годишен ветеран од Втора светска војна доби писмо од починатата сопруга

Се работи за љубовно писмо напишано од Вирџинија Христоферсон во 1945 година и испратено (на 4 мај) до нејзиниот сопруг Ролф – морнар од норвешката флота кој се борел за Сојузниците за време на Втората светска војна.

Очигледно не стигнало, зашто Мелиса Феј од Њу Џерси го наоѓа во пукнатина под скалите додека си ја реновира куќата. Всушност куќата е на нејзиниот сопруг, кој таму живее од свои 6 години.  Не се знае како стигнало таму, но веројатно е таму и од претходно, во текот на сите овие 70-тина години, соопштуваат локалните филијали на NBC.

Феј го објавила писмото на Facebook и успеала да се поврзе со Христоферсон – сега 96-годишен, преку неговиот син во Калифорнија. За разлика од Ролф, неговата сопруга е почината пред 6 години. Само можеме да претпоставиме колку емотивен бил моментот кога конечно го прочитал. А емотивно е и писмото.

Почнува со Dearest Husband, а завршува со „Додека смртта не нé раздели“:

„… Ние сами во нашите прегратки засекогаш ќе биде рај на земјата за мене. Претпоставувам звучам како да си го сакам сопругот. Е па, те сакам! Те сакам, Ролф, како што го сакам топлото сонце, и тоа си ти во мојот живот, сонцето околу кое сé мое се врти…“

Ова не е прв пат некој добар самарјанин да спои заборавено писмо со неговиот сопственик. Пред некое време, еден Британец најде писмо исто така љубовно писмо од Втората светска војна, и им го врати на потомците на жената која го напишала.

- Реклама -