Опасност зад секој чекор (видео)

Еоин ја направил грешката да гледа телевизија и да носи неколку работи додека оди. Како резултат тој имал мала несреќа.

Овој бармен поминал добро со само мали повреди на коленото и зглобот, што е доста неверојатно со оглед на падот од 3 метри. Од барот изјавиле: „Еоин работеше зад барот, гледајќи кон телевизорот тој не видел дека вратата за достава е отворена.“ Еоин слетал на горниот дел од лифтот што не е баш најпријатно бидејќи лифтовите не се создадени од удобни материјали.

{youtube}a3d00fWdpUg{/youtube}

Ова видео е добар потсетник за сите нас, без оглед колку некои работи се интересни секогаш мора да внимаваме на светот околу нас.

- Реклама -