Преперите (оние што се подготвуваат за апокалипса), со нивните подземни шпајзови и залихи со конзервирана храна, се најчесто мета на мајтап на мнозинството. Тие на кои мнозинството не им се смее, а се многу попараноидни околу крајот на светот (каков што го знаеме) од преперите од работничката класа во фармерки и карирани кошули, се супер-богатите.
Мултимилионски мегаструктури никнуваат насекаде низ светот, градени со ветување за спас и преживување на апокалипсата, без притоа да страда луксузот. Избушени во падините на планините, или закопани длабоко во земјата, овие објекти се вистински хај-тек ремек дела. Еве 10 начини на кои супер-богатите ќе продолжат да живеат по крајот на светот.
10. Врвни безбедносни системи
Кога се работи за преживување на апокалипсата, милијардерите ги сакаат најфините безбедносни мерки: енкриптирани брави со скенери за ретина или отпечатоци, системи за вокално препознавање, и инфра-црвени камери. The Oppidum – засолниште издлабено во страна од планина во Чешка, ветува врвна сигурност со автоматизирана одбранбена технологија и комуникациски центар (горе на сликата) кој го контролира целиот објект. Дури ни на вебсајтот на Oppidum не можете да влезете без таен код.
9. Непробојни ѕидови
Џабе хај-тек безбедносни системи ако ѕидовите не се фортифицирани т.е. непробојни. Во Survival Condo, подземен силос за Atlas F проектили во Канзас, а претворен во засолниште, ѕидовите се дебели по 2.75 метри, а влезовите запечатени. Структурата може да ја издржи речиси секоја замислива катастрофа, вклучувајќи и директен удар од нуклеарна бомба.
8. Сефови за семиња и ДНК
Штом ќе дојде време милијардерите да излезат од своите засолништа, ќе имаат задача да го ренаселат светот. Глобалниот сеф за семиња во Свалбард е издлабен во планина на далечен остров од брегот на Норвешка. Чува околу 800.000 врсти семиња, па ако се случи катастрофа, светот ќе има начин одново да ги култивира. Компанијата Vivos исто така тврди дека го има првиот „Глобален сеф за геноми“, каде можете да ја чувате вашата скапоцена ДНК, бесплатно.
7. Хидропонични и аквакултурни градини
Кога планетата ќе стане пустелија, жителите на овие бункери можеби ќе мораат да преживеат дури деценија пред да спадне правта. Покрај петгодишните залихи од храна – по лице, Survival Condo е опремен и со хидропонични (одгледување на растенија без почва, во минерални раствори во вода) и аквакултурни (одгледување на водни животни и растенија) градини и системи, за константна залиха од овошје и зеленчук.
6. Автономна и обновлива енергија
За да се напојуваат овие луксузни дувла, неопходен е целосно автономен извор на енергија. Vivos Indiana, комплекс за 80 богати среќници, има дизел генератор со едногодишна залиха од гориво. Другите слични објекти, како Survival Condo, имаат соларни панели и ветерни фарми над површината, под претпоставка дека нема да бидат уништени од „диви“ вонземјани или банди од преживеани сиромашни смртници.
5. Купишта специјални возила
Vivos Europa One во Германија – подземна „Арка на Ное“ за најелитните милијардери, вклучува секакви видови на теренски возила, заедно со хеликоптери и оклопни возила. Иако не спомнуваат некои специфични возила, пазарот нуди неколку што би биле погодни за патување во пост-апокалиптични услови. Conquest Knight XV е практично тенк на тркала. Погонуван на биогорива, тој е мешавина од луксуз и безбедност, а подразбира балистичко непробојно стакло, сирени, сет со кислород, камери за ноќно гледање и сателитски телевизор со рамен екран.
4. LED светла и телевизори
Дури и со автономни генератори на енергија, овие мегаструктури сепак мораат да заштедат што е можно повеќе енергија. Со животен век од 10 години и повеќе, ЛЕД светла и телевизори ќе бидат неопходни. Europa One го комбинира токму тоа – елеганцијата со ефикасноста на LED системите.
3. Целосно опремени медицински „установи“
2. Пречистителни станици за вода
Како што научивме од Mad Max: Fury Road, водата (т.е. „аква кола“) е клучот на преживувањето. Секој објект мора да има систем за пречистување на вода, особено ако резервите од свежа вода се контаминирани од радиоактивен отпад. Europa One има баш таква станица со длабоки бунари. Слично, Survival Condo има залиха од 75.000 галони вода, и своја сопствена станица за пречистување.