Пливање на 50 метри – услов за диплома

Студентите на кинескиот универзитет Cinghua, кој се смета за Харвард на истокот, нема да можат да дипломираат додека не поминат испит по пливање. Испитот е: Да препливаат 50 метри. Стилот на пливање е неважен.

Тие што нема да положат, не само што нема да добиваат диплома, туку нема да имаат ни право на одредени можности за студирање во странство. За испитот по пливање ќе постојат подготовки како и за другите испити, а ќе се одржуваат во текот на летниот распуст, кога ќе биде и полагањето.

Претставник од универзитетот истакнува дека оваа одлука ќе допринесе студентите да бидат поздрави и да бидат во форма. Сличен испит имало и во 1915 година, кога почнала наставата на универзитетот, ама тогаш бил укинат заради „недоволен капацитет за пливање“ и намалување на бројот на студенти.

- Реклама -