Кинезинките сакаат да личат на Иванка Трамп

Кинезинките чекаат во редови кај пластичните хирурзи. Чекаат за корекции на носот, устата, очите и сл. Сакаат да личат на Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, објави Russia Today.

Иванка Трамп прерасна во стандард за убавина во азиските земји, пренесува RT, а некои клиники за естетска хирургија во Кина дури и го носат нејзиното име.

Кина е третиот најголем светски пазар во областа на пластичната хирургија. До 2001-ва, во земјата беа забранети ваквите пластични операции. Сега се случува спротивното – Кинезинките „се тепаат“ за да личат на што и да е актуелно.

- Реклама -