Алпинистите на Монт Еверест ќе носат GPS уреди

Планинарите кои следниве два месеца ќе се обидат да го искачат Монт Еверест ќе бидат опремени со систем за глобално позиционирање (GPS), со што ќе се подобри нивната безбедност, соопшти шефот на отсекот за туризам на Непал – Дурга Дута Дакал.

Во текот на сезоната во април и мај се очекува неколку стотици планинари да се обидат да се качат на највисокиот врв. Со оглед дека се работи за експериментална фаза, со GPS уреди ќе бидат опремени само неколкумина, но тоа веројатно ќе се смени во иднина.

Освен што GPS уредите ќе придонесат за безбедноста на планинарите, ќе се спречат и лажните тврдења за освојување на врвот. Минатата година, на пример, пар од Индија тврдеше дека се искачиле на Монт Еверест, и дури и доби признание од алпинистичките организации. Подоцна се покажа дека всушност ги лажирале своите фотографии од врвот.

- Реклама -