Грузија има ски-хотел направен од контејнери

Велат дека инспирацијата дошла од пирамидната форма на планините. Па така, и самиот хотел, направен од транспортни контејнери, има форма на пирамида.

Зад идејата за хотелот „Quadrum“, сместен на надморска височина од 2200 метри на Кавкаскиот венец во Грузија, стојат архитектите Сандро Рамишвили и Иракли Еристави. Изграден во минималистички стил, хотелот се труди да го отсликува локалниот терен, па катовите се каскадно наредени долж падината.

Целата поента била да се заштити околината од штетните последици од изградбата на хотелот (камиони, машинерија, отпад, материјали и сл.), а ако ѝ веруваме на компанијата одговорна за изведбата, тоа е и постигнато. Хотелот е еко-френдли и затоа што практично рециклира транспортни контејнери, а и употребените материјали се од локално потекло.

Дека бивало хотел од контејнери, доказ се и следниве фотографии:

- Реклама -