Во „судскиот проце на векот“, во кој се спореше за недозволеното користење на патентите на Apple од страна на Samsung, и покрај обемните докази кои говореа за спротивното, поротата денес донесе пресуда со која американскиот производител за прогласува за победник во спорот.
И покрај тоа што материјалот во судскиот процес беше обемен (преку 100 страници со инструкции од судијата), поротата во Сан Хозе успеа да дојде до едногласна пресуда за само 2 дена. Ова значи дека тие минале најголем дел од времето пополнувајќи ги формуларите, додека одлуката ја имале донесено уште во судницата, без оглед на фактот што тврдењата и на едната и на другата компанија беа претерано сложени.
Според пресудата, Samsung ќе треба да им исплати на Apple казна од една милијарда долари, поради нарушување на патенти, за кои не беше докажано дека се навистина нивна иновација, т.е. постоеја докази дека биле воведени или навестени од други компании, уште пред да се појави првиот iPhone. Поротниците воопшто не ги зеле предвид тврдењата на Samsung за технологиите што Apple ги има украдено, но исто така, одлучиле да не ја доделат полната сума што ја побаруваше американската компанија, од преку 2,5 милијарди.
Ваквата пресуда нема многу да го уназади корејскиот производител на електроника од финансиски аспект, но затоа ќе има далекусежни последици во смисла на забрана за продажба на одредени гаџети во САД. Од тоа најмногу ќе пострадаат крајните корисници, на кои наместо избор и вистинска конкуренција што ќе ја придвижува технологијата нанапред, ќе им биде сервиран единствено iPhone, како опција за смартфон, што е навистина тажно.
Исто така, нечесните обиди на Apple за уништување на конкуренцијата, во иднина може да резултират со помала понуда на Андроид телефони, со оглед на тоа што другите, а особено помалите компании нема да сакаат да ризикуваат судски спорови со Apple, во кои може да се тврди буквално сè на светот е украдено од нив и покрај фактот што Стив Џобс одамна истакна дека тој копирал идеи, во име на напредокот. Од друга страна, кога се најде загрозен од Андроид, прогласи „термонуклеарна војна“ со која ќе го уништи овој оперативен систем по секоја цена.
Сега, им останува на корисниците од остатокот од светот да му покажат на Apple дека прескапите уреди со послаби перформанси во однос на врвните Андроид телефони не се единствената опција и дека квалитетот, а не насилничкото однесување на крајот ќе победат. [Apple crushes Samsung in quest for global tech domination]