Џебниот пиштол на Ал Капоне достапен на аукција

Пиштолот кој му припаѓал на еден од најозогласените гангстери во Америка, Ал Капоне, наскоро ќе се појави на аукција.

Малиот полуавтоматски џебен Colt со калибар .25 ќе биде помеѓу прдметите кои ќе бидат понудени на American Gangsters, Outlaws and Lawman аукција организирана од RR Auctions. Капоне, криминалец кој шверцувал алкохол низ САД за време на Прохибицијата, го дал пиштолот на еден од неговите шверцери за лична заштита.

Аукционерите очекуваат пиштолот да достигне цена од помеѓу 10 и 15 илјади долари на аукцијата која ќе биде одржаан на 30 септември во Нашуа, Њу Хемпшир. Друг пиштол, кој исто му припаѓал на Капоне достигнал неверојатна цена на претходна аукција. Colt .38 револверот со писмо потпишано од снаата на Капоне која ја потврдила автентичноста бил продаден за 100.000 долари на аукција во Лондон.

На оваа аукција ќе биде понудена и изјавата на Капоне по обид за убиство на неговиот ментор Џони Торио во 1925 година. Тој и Торио биле на чело на банда од Чикаго која била опфатена во територијална војна со ривалска банда. Во документот од 50 страни е опфатено испрашувањето на Капоне од страна на полицијата на Чикаго.

Според очекувањата на Боби Ливингстон од  RR Auction изјавата би можела да достигне цена од 100.000 долари. „Историската значајност на овие потпишани документи не може да биде потценета, особено со оглед на содржината која потекнува од критичен период во кој Капоне  се искачил до врвот на криминалното подземје во Чикаго“ изјавил Ливингстон.

Обидот за убиство на Торио го приморало да се повлече од активно дејствување во подземјето и да се пензионира во Италија, оставајќи го Капоне како негов наследник. На аукцијата ќе биде достапна и рачно запишаната композиција “Madonna Mia” која Капоне ја составил во затвор. [Own a piece of Scarface: Al Capone’s 1925 signed police deposition expected to fetch $100K at auction]

- Реклама -