Hydropolis – првиот подводен хотел

Повеќе...

Наместо на одмор на море, замислете си да престојувате во хотел длабоко во морските длабочини. Ваквата идеја за подводен хотел за кој многу одамна фантазираше и Жил Верн набрзо ќе стане реалност, но во него ќе можат да уживаат само малкумина среќници.

1-exterior.img_assist_custom.jpg 

Hydropolis е првиот подводен луксузен хотел во светот, кој сеуште е во изградба во Обединетите Арапски Емирати. Кога ќе биде комплетиран во 2009 год. овој комплекс од 500 милиони долари ќе понуди 220 луксузни апартмани, спа центар, ресторани, кино сала, игралишта, луксузни продавници и детски забавен парк кои ќе се наоѓаат 20 метри под морето. Гостите кои најпрво ќе бидат пречекани на копно, ќе патуваат до своите подводни апартмани со безвучен воз. Како најголема конструкција на нашето време, Hydropolis ќе се простира на површина од 260 хектари под морето, колку што е голем и лондонскиот Хајд Парк. Според принцот на Дубаи, кој е сопственик на ова подводен хотел, ова прво во светот од ваков вид архитектонско чудо ќе биде место кое ќе го посетуваат кралски семејства, светски лидери и нафтени магнати.

[Sleeping with the Fishes at the Hydropolis]

- Реклама -