Кога ќе те насамари 5-годишната внука

Знаев дека внука ми е паметна, ама нешто што направи викендов личеше преитро за 5-годишник.

Имавме забавен ден исполнет со игра и дојде време да си оди дома. Побара од сите нас (околу 10 возрасни) да играме уште една игра за крај – натпревар во боење. Ни подели листови и стикери за да ја „зачини“ играта, а ние мислевме дека тоа ѝ е начин за да украде уште екстра 10 минути игра.

Ни ги соопшти правилата на натпреварот: Секој од нас мораше да нацрта одредена форма, и горе на листот да напише што е формата. Потоа таа ќе биде судија и ќе не оценува, и ќе го прогласи победникот.

И така сите игравме, цртајќи триаголници, ромбови, срциња и слично. Потоа ѝ ги дадовме цртежите.

Таа ги собра сите листови, но наместо да ги оценува, уредно ги здипли, ги стави во плико, го напиша нејзиното име и „Форми“ на предната страна на пликот и извика:

„Домашното е готово!“ додека истрчуваше низ вратата.

Споделено на Quora

- Реклама -