Тајните соби на авионите

EC-MIG-Crew-rest[1]

Како и во сé друго во животот, така и во авион, има нешта кои се скриени од очите на обичниот патник. Тоа е така затоа што екипажот исто така е составен од живи луѓе од крв и месо (ќе видиме до кога; хинт – роботи), кои при долги летови треба и да одморат. Каде спијат? Ај со нас на тура.

7327260-7650-0-1477386495-1477386506-650-a55f9b838f-1-1477580362[1]

^ Во повеќето Боинг 777 и 787 авиони, постои специјален оддел. Обично е сместен позади кокпитот, над кабината за бизнис-класа.

7327610-vlcsnap-2016-10-24-17h03m32s709-1477319018-650-0443b02163-1477580362[1]

^ До него водат специјални скали, скриени зад незабележлива врата веднаш до кокпитот. За да влезете таму ви треба специјален клуч или код.

7327460-vlcsnap-2016-10-24-17h06m00s966-1477319790-650-0443b02163-1477580362[1]

7327410-air6-1477319627-650-e96abadaea-1477580362[1]^ Во некои авиони, како на пример Боинг 773 на Американ Ерлајнс, до оваа соба се стигнува не преку овие скали, туку преку „тајна“ вратичка на извлекување над патничките седишта, која изгледа како обичен капак кон одделот за багаж.

7327560-air4-1477319452-650-e96abadaea-1477580362[1]

„Тајната соба“ е дизајнирана за 6 до 10 блиско поставени кревети, и нема прозорчиња.

7327310-vlcsnap-2016-10-24-17h05m44s079-1477319161-650-0443b02163-1477580362[1]

Одделите за одмор на екипажот обично располагаат со светло за читање, куки за облеката, огледала, и простор за складирање на личните предмети. Имаат и сет постелнина за секој член од екипажот, а некогаш дури и пижами.

7327660-vlcsnap-2016-10-24-21h32m40s047-1477334098-650-01091ada41-1477580362[1]

7327160-air17-1477328300-650-e96abadaea-1477580362[1]^ Во Боингот 773 на Американ Ерлајнс, креветите се распоредени долж коридорот, како кај брод за крстарење. Ходникот е толку тесен, што човек може да оди само странично.

7327510-vlcsnap-2016-10-24-20h09m21s066-1477329299-650-01091ada41-1477580362[1]

^ Во Боинг 747 пак, креветите се поставени еден над друг, и се опремени со завеси кои го блокираат звукот.

7327110-air20-1477381576-650-bf8d34d699-1477580362[1]^ Ова е кабина за одмор на пилотите во Ербас А380. Изгледа доста удобно.

7327210-air15-1477325726-650-db8e062d65-1477580362[1]

^ Боинг 777 има и дополнителна соба за пилоти со две места за спиење, две седишта како тие во бизнис класата, и, зависно од компанијата, плакар или тоалет со лавабо.

7327060-air14-1477325263-650-db8e062d65-1477580362[1]

Освен ако не летате со некоја ужасна компанија, стјуардесите се секогаш љубезни, пријателски настроени и трпеливи, и покрај тоа што патниците знаат да се однесуваат и како мали деца. Тоа е така затоа што, фала инженеру, имаат местенце каде да одморат и да ја оладат главата додека патниците гледаат филм на 10.000 метри на небото.

- Реклама -