Оревите го подобруваат квалитетот на спермата

Бројот, обликот и подвижноста на сперматозоидите е подобра кај мажите кои во својата исхрана имааат вклучено и ореви.

Студијата која била направена врз 117 испитаници на возраст од 20 – 35 години ја докажала поврзаноста на оревите и машката плодност. Испитаниците биле поделени во две групи, едната група која јадела дневно по 75 грама на ореви, додека другата, односно контролната група не конзумирала ореви.

Истражувањето траело 12 недели, период во кој испитаниците редовно конзумирале ореви. Резултатите по 12 недели покажеле дека масните киселини кои се наоѓаат во оревите го подобруваат квалитетот на спремата, односно обликот, бројот и брзината на сперматозоидите.

Научниците сепак не се сигурни дали оревите имаат улога во целокупната машка плодност.С поред мислењето на научниците оревите можат да ја зголемат машката плодност. Тие велат дека ова може да придонесе во решавањето на проблемите со плодноста кај многу парови. Според статистиката, секој шестти пар има проблеми со плодноста, а кај 40 % од нив проблемот е во семената течност.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -