Топ тен професии со најмногу психопати по вработен

American_Psycho[1]

Кевин Дјутон е психолог од Одделот за експериментална психологија на универзитетот Оксфорд. Човеков стои зад „Големото британско психопатско истражување“, кое имаше за цел да утврди во рамките на кои професии има најмногу психопати.

Листата изгледа вака:

1. Извршни директори
2. Адвокати
3. Медија (ТВ/Радио)
4. Продавачи
5. Хирурзи
6. Новинари
7. Полицајци
8. Свештеници
9. Кувари
10. Државни службеници

Ова е во Британија. Кај нас веројатно би имало пар рокади во листата, а и неколку бонус професии.

Инаку, резултатите од студијата објавена во Journal of Business Ethics покажуваат дека и покрај тоа што психопатите бираат професии кои носат голема заработка, често се помалку успешни на работните места од своите колеги. Генерално, заработуваат помалку, а и потешко ги одржуваат добрите односи со другите.

- Реклама -