Руското село кое секоја ноќ го затрупува песок

5(1712)[1]

Шојна е мало рибарско селце сместено на полуостровот Канин во северна Русија. Лоцирано на работ на арктичкиот круг, жителите на ова крајбрежно село треба да го издржат не само студот, туку и  огромните количини песок кој се протега на десетици километри долж целиот брег. Под дејство на западниот ветер, песочните дини постојано мигрираат нагоре и надолу по крајбрежјето, покривајќи ги куќите скоро до покривот, и тоа секоја ноќ.

Жителите преземаат одредени мерки на претпазливост од затрупување, но главно се сведува на тоа да не ја затвораат вратата во текот на ноќта, бидејќи наутро нема да можат да ја отворат.  Освен тоа, во селото има и булдожер, кој често е во акција на откопување на домови.

7(1269)[1]

Селото е основано во 1930 година, од рибарски семејства кои овде се доселиле заради изобилството од морски животни во локалните води. Од 1950 година, селото прераснува во голема населба со 1.500 жители, кои вкупно поседуваат над 70 бродови.

Во меѓувреме, децениите неконтролиран риболов ја опустошуваат рибната популација, а риболовот доживува колапс.

Денес во Шојна живеат околу 300 жители, кои преживуваат главно од социјална помош и пензии. Дел од нив заработуваат од лов, ползувајќи ја околноста што регионот е богат со гуски.

Селото не е поврзано со други населени места ниту преку патишта, ниту преку железничка пруга. Врската со надворешниот свет се остварува или со брод или преку воздух – во близина на селото има мал аеродром со 650-метарска писта. 

Повеќе од половина село е погребано под песочните дини наталожени од ветрот. Се смета дека нанесените човечки штети врз арктичкиот мраз и уништувањето на морското дно се главни фактори за ослободениот песок кој го закопа Шојна.1(2306)[1]

- Реклама -