Успешен си ако имаш две коли

rooster-mcconaughey-tca-0812[1]

Инвеститорот по име Мајкл “Рустер” (Петел) Мекконахи е милионер со малку невообичаено мерило за успехот, што во таква форма нема да го чуете од другите парајлии.

„Ако имаш две коли, од парична гледна точка си успеал“, вели Мекконахи – копретседател на West Texas Investors Club.

Во интервју за CNBC, Мекконахи – кој успева да изгради мултимилионска империја во бизнисот со оловни цевки, вели дека купувањето на вториот автомобил му било „најдоброто нешто што некогаш му се случило“. Зошто поседувањето на два автомобила го смета за успех? Станува збор за тоа да имаш удобност, вели тој.

„Кај парите, сé е прашање на удобство? Колку ли пари може да ти требаат?

…Кога имаш само една кола и ќе ти се дупне гума, доцниш на работа. Кога имаш две – можеш да се префрлиш на другата“.

Овој милионер е карактеристичен и по тоа што си поставува граници во однос на тоа колку троши за своето удобство. Имаат и другите, ама неговите се далеку поприземјени, почовечни.

„Луѓето ме прашуваат, кога веќе имам толку пари, зошто немам приватен авион. Па по ѓаволите, јас некои од најголемите луѓе ги имам сретнато на проклетиот аеродром“.

Еве колку се занесува човеков. Ич.
Оди познај го дека е милионер. Искулирано типче со капче и пиво. Богат и успешен, ама за себе, не за пред народ.

Ако ги оставиме парите настрана, според Мекконахи, успехот значи да ги постигнеш целите што ти лично си ги имаш поставено.
„Има доволно пари за сите, но успехот е во тоа да си добар во нешто што го сакаш“.

Патем, ако презимето ви изгледа познато, тоа е затоа што „Петелот“ е постар брат на познатиот актер Метју Мекконахи.

- Реклама -