53-годишникот што трча 500 километри без запирање

Dean-Karnazes-marathon-man[1]

Повеќето атлети би се согласиле дека наталожувањето на млечна киселина во мускулите е проклетството на секој маратонец – не и американецот Дин Карназес. Овој 53-годишник има ретко генетско пореметување што брзо ја исфрла млечната киселина од неговиот систем, овозможувајќи му да трча бескрајно долго без никогаш да доживее грч или истегнат мускул. Карназес има истрчано маратон до Јужниот пол на -25 степени Целзиусови, има истрачно 50 последователни маратони во 50 дена, а во една прилика има истрчано и 560 километри за 80 часа и 44 минути, без да спие!

Кога луѓето вежбаат, глукозата се конвертира во енергија, а нус-продуктот од оваа реакција е млечната киселина. Како што се наталожува во мускулите, предизвикува грчеви и замор и му сигнализира на мозокот да запре. Во случајот на Дин, тој никогаш не ги прима овие сигнали, бидејќи киселината не се наталожува во неговите мускули. Така тој може да трча на долги дистанци и преку долги временски периоди, што му дава предност во некои од најтешките натпревари во издржливост во светот.

„На одреден интензитет, чувствувам дека можам да трчам долги дистанци без да се заморам. Без разлика колку напор и да вложувам, моите мускули никогаш не се грчат. Тоа е фина работа, кога планирам да трчам долг пат. Да бидам искрен, тоа што најчесто ми се случува на крајот е да ми се приспие. Имам трчано три ноќи без спиење и третата ноќ беше малку и психотично. Доживував напади на ‘спиење при трчање’ (sleep running), при што буквално заспивав во движење, но се форсирав да продолжам“.

Dean-Karnazes-marathon-man4-600x800[1]

Дин трча уште од дете, со тоа што ја открил неговата исклучителна способност за издржливост уште од рана возраст. На еден хуманитарен настан на средношколска возраст, истрчал 105 круга на атлетската патека на училиштето. Неговите врсници се откажале по 15-тиот. Но, тоа не е моментот на збогување со трчањето – на 30-тиот роденден, иако по пауза од многу години, Дин ќе продолжи каде што застанал, истрчувајќи речиси 50 километри во првиот обид. Плускавци имало, ама знаци од замор – не.

„Сакав да трчам уште како дете, ама потоа престанав. Не трчав 15 години. Имав работа, бев дебел и во лоша форма, пиев, но бев оженет. На мојот 30-ти роденден пиев, текила, и жена почна да ми пристапува. Тогаш си реков: ‘Наваму ли сакам животот да ми оди? Бев женет, ќе бев дебел бизнисмен и ќе имав афери кога ќе остарам…’ Реков ‘Не, не сакам’. Па, го напуштив барот и решив ‘Ќе истрчам 50 километри вечерва’… само за да го прославам мојот 30-ти роденден и да си го вратам животот назад во мои раце“.

Восхитени од неговите физички можности, докторите направија лактатни тестови врз Дин со цел да утврдат колку долго му треба за да го постигне преодното ниво на млечна киселина. Тестот обично завршува за 15 минути кај повеќето спортисти, но во неговиот случај, по изминат еден час, докторите едноставно морале да се откажат.

„Ми рекоа дека претходно немаат видено такво нешто“, раскажува Дин.

Татко е на две деца, внимава на малиот процент на телесни маснотии и јаде високо-алкална исхрана. Речиси никогаш не се фокусира на брзина, туку на тоа колку далеку ќе истрча. А има и многу што да каже за бизнисот, за модерниот живот, за тоа да се биде свој и за среќата.

- Реклама -