Холанѓани ќе создаваат вештачки острови за спас на Малдивите

Неколку приморски нации го прошируваат своето крајбрежје со вештачки острови – прекрасни креации кои се користат за туризам, комерцијални потреби па дури и за живеење.

Но подигањето на нивото на морето значат дека ова може да стане доста ризичен предлог, особено за Малдивите – земја која се наоѓа на само 1,5 метри над површината на морето. Сега во соработка со холандска компанија, земјата би можела да создаде доста елегантно решение – пловечки острови.

Властите на Малдивите започнале заеднички проект со архитектонската компанија Dutch Docklands International за да го создадат најголемиот вештачки пловечки остров во светот кој ќе остане над вода без оглед колку глечери ќе се стопат. Во Холандија компанијата веќе има создадено пловечки острови кои се користат за затвори и станбени градби, користејќи плочи создадени од бетон и стиропор.

За Малдивите ваквите острови ќе бидат поврзани со дното со кабли или телескопски столбови, создавајќи „копно“ кое ќе биде стабилно дури и во бури. Дизајнот влијае само врз мало парче од дното на морето, зачувувајќи ги природните морски струи. Неколку мали острови се поеколошки од еден голем бидејќи ќе покриваат помал дел од дното со сенка со што се минимизира влијанието врз морскиот живот.

Иако компанијата започнала со изградба на остров за 200 луксузни живеалишта и уште еден со терен за голф оваа година, следниот план е создавање на острови за поевтини живеалишта. Повеќе информации можете да најдете на сајтот на Dutch Docklands International а ако сакате да видите повеќе концепти тогаш можете да ја посетите Floating Cities of the Future галеријата на National Geographic.

- Реклама -