Камп приколка за тројно задоволство

outside-expand-camper-trailer[1]
Сака кампирање, а не сака да спие на земја… секој можен кампер. Приколка е супер ствар, комбе-трејлер или „мобилен дом“ е уште подобро, ама и едното и другото се прилично тесни. Е па не и оваа приколка.

BeauEr 3X се проширува на принцип на телескоп и добивате 3 пати поголема површина (оттаму и „3x“ во името). Процесот е автоматизиран, на копче, и трае околу 20 секунди. Затворена, приколката има димензии од 2 на 2.5 метра, како и повеќето возила за влечење.

Interior-of-expandable-camper[1]

Ентериерот располага со сите основни потребштини: кујната има шпорет со 2 рингли, умивалник и фрижидер, а дизајнот на приколката е модерен и дава повеќе чувство дека сте дома, за разлика од просечните приколки кои дефинитивно не оставаат простор да помислите дека не сте во приколка. Сé на сé, BeauEr 3X е  како мала хотелска соба.

Засега е достапна само во Франција, но компанијата зад проектот се надева дека нивниот продукт ќе биде достапен и на светскиот пазар некаде следната година.

- Реклама -