Скршеното срце убива

grief

Според едно ново истражување спроведено во Данска, која патем е четврта земја по користењето на антидепресиви во светот, постојат реални шанси да се умре од скршено срце. Податоците собрани во последниве 10 години, колку што трае истражувањето, покажуваат дека постои поврзаност помеѓу тешкиот губиток и последовалната смрт. Направени се и неколку други истражувања кои исто така сугерираат дека тие што го изгубиле партнерот се поподложни на срцеви заболувања и инфаркт.

Според ова последново, објавено во магазинот Open Heart, „ризикот од смрт е најголем во првите 8-14 дена по губитокот“.

Овие податоци и те како ја отсликуваат поразителната моќ на самотијата и очајот, но сепак, Сајмон Граф – кој го спроведе истражувањето, нагласува дека најважното овде е самото набљудување, а не и конкретните заклучоци кои можат да се изведат од него. Имајќи го тоа во предвид, се добива една мрачна слика за тоа какво влијание има огромната тага врз нас. Дури и кога не сме ги изгубиле нашите партнери, но се болни или во ризичните групи – опасноста се зголемува за 57%. Неправилната работа на срцето, фибрилација на коморите, забрзување и промени во пулсот – сé тоа води до поголем ризик од инфаркт или деменција.

Во меѓувреме, самото искуство покажува дека тие кои работат и во староста се поподвижни и… поживи. Тоа е веројатно затоа што секогаш имаат уште нешто да обават. Кога одиш во пензија, телото некако како да крева раце од сé. Тоа најчесто се случува кога ќе ја изгубиме љубовта на својот живот. Мозокот и телото како да велат: „Океј, појма немам што правам уште тука… Друже, искрено, мислам дека е најдобро да ти ги забрзам отчукувањата на срцето, и така дур да умреш, океј?“. Ова е малку и слатко, ама и страшно. Затоа дајте им некаква занимација.

- Реклама -