Олимписки шампион исфрлен поради допинг

Бранителот на олимписката титула во дисциплината 50 километри брзо одење, Италијанецот Алекс Швацер поради допинг нема да учествува на Олимписките игри во Лондон.

Италијанскиот олимписки комитет соопшти денеска дека Швацер бил позитивен на последниот допинг тест и е исклучен од олимпискиот тим.

Претходно денеска беше објавено дека еден спортист, чие име не беше објавено, ја пропушти допинг контролата пред доаѓањето во Лондон.

28-годишниот Швацер требаше во недела да ја брани титулата од Пекинг, каде го собори олимпискиот рекорд, откако патеката ја мина за три часа, 37 минути и девет секунди.

- Реклама -