Викенд со геј моторџиски клуб 1960-та

mr01[1]

Еден сончев викенд во 1967 година, фотографот Силвијан Ранд се качи на задното седиште на моторот на еден негов пријател и заедно заминаа кон извесна фарма во руралната околина на Њу Џерси.

Како низ магла се сеќава на часовите поминати во храна, цигари, љубов и мотори, кои му претходеа на неговото приклучување во веселбата на еден неофицијален моторџиски клуб, кој тргна на тура во која геј-мажи се беа собрале за да уживаат во меѓусебното друштво во изолирана, утописка средина.

Групата била составена од обични мажи, мажи кои работеле напорно преку неделата и своето светилиште го барале надвор од метежот на метрополскиот живот. Во тоа време, репер за ентузијасти за мотори беше моторџискиот клуб Hells Angels („Ангели од пеколот“), но ова беше поинаква дружина – тука немаше „опасни момци“ какви што беа моторџиите во очите на популарната култура. Убавината, според Силвијан, лежеше во фактот дека тоа беа само обични луѓе што сакаа да му се насладуваат на слободното време.

Ранд беше во улога на аутсајдер кој ја имаше честа да биде примен во потесниот круг на неколку дена. Пристигна без да познава речиси никого, но во тој последен викенд, мажите беа навикнале на него. Вели дека секогаш ќе се сеќава на погледот низ објективот, пред кои тројца мажи лежат опуштено на тревникот.
„Сонцето заоѓање, а кога го притиснав копчето за фотографирање, сфатив дека уловив неповторлив момент“.

Гледајќи во ретроспектива на негативите кои ги направил во 1960-тите (сега дигитализирани), Ранд чувствува само благодарност што ја имал можноста да учествува во моторџиската тура. Иако не бил дел од групата, избледените сеќавања на интимноста и заедништвото до ден-денес го погодуваат, во позитивна смисла.

21 31 mr02 mr10 mr11 mr12 Rand_01 Rand_02 Rand_03 Rand_05 Rand_06 Rand_07

- Реклама -