Вака ќе изгледа првото подводно тениско игралиште во светот

tennis[1]

Полскиот архитект Криштоф Котала, од 8+8 Concept Studio, има амбициозен проект – подводно тениско игралиште. Комплексот ќе се наоѓа (каде ако не) во Дубаи, во водите на Персискиот залив, меѓу Бурџ ал Араб и островите Палм Џумеира.

Публиката е таа што добива – покрај во тенисот, ќе може да ужива во прекрасниот морски свет, набљудувајќи го преку кровот во форма на огромна стаклена купола.

И овој проект, како и сите други уникатни проекти во Дубаи, се соочува со предизвици, што од инженерски аспект, што од аспект на финансирање. Ама судејќи по досегашното искуство, во Дубаи се наоѓа инвеститор за секој амбициозен проект, за што е доказ тоа што најголем дел од градбите што го прават Дубаи тоа што е денес, изгледаат како во првичните планови.

За изградбата ќе бидат потребни од 1,7 до 2,5 милијарди долари, а ќе трае пет години. Планот на Котала предвидува и справување со евентуални земјотреси или цунами, а исто така има и план за експресна евакуација на присутните.

- Реклама -