Мистериозен звук го тормози менталното здравје на Орегон

KATU_strange_noise_jef_160217_31x13_1600[1]

Мистериозен и излудувачки звук си игра со нервите на жителите на еден град во Орегон, САД.

Вонземјани, духови, пукнати цевки за гас… постојат секакви теории. Звукот се јавува како од ведро небо, на сосема произволни интервали, веќе неколку недели. Го има преку ден, го има и преку ноќ. Локалните се жалат дека ги буди по 3 до 4 пати во ноќта. Трае од 10 секунди, па до неколку минути.

И полицијата, и противпожарната, и сите други официјални лица и експерти работат на случајот; никој не може да процени од каде всушност доаѓа.

Звукот многу потсетува на висок тон на флејта, на џиновско свирче.

Полицијата дури ја има разгледано и можноста дека некој се зеза со Форест Гроув (мало градче со околу 22.500 илјади жители), но нема никаква индикација дека тоа е она што навистина се случува. Истекувањето на природен гас, исто така беше проверено и отфрлено како опција. Во меѓувреме, Ројтерс го задолжи аудио-инженерот Тобин Кули да биде човекот што ќе го најде потеклото на звукот. Тој крева раменици, оценувајќи го случајот како „необичен“:

„Високите фреквенции, како овој тон, се многу дирекционални звуци, за разлика од ниско-фреквентните звуци кои можат да звучат како да доаѓаат од сите страни одеднаш“, објаснува тој.

Со други зборови, во нормални случаи, многу е лесно да се заклучи од каде доаѓа некој високо-фреквентен звук. Кули се сомнева дека неговиот неуспех можеби се должи на лошите снимки со кои располага за анализа, но од друга страна е многу изненаден што жителите исто така не можат да го посочат изворот.

Згора на сé, ова не е прв пат вакво нешто да се случува во Форест Гроув. Слични звуци ги тормозеле локалните и пред неколку декади. И тогаш, случајот останал нерешен, како сега…

- Реклама -