Казорла пред трансфер во Арсенал

Шпанскиот репрезентативец Санти Казорла во наредните два дена ќе дојде на медицински прегледи во Лондон, а потоа се очекува да потпише договор со Арсенал.

Тој веќе ги договори личните услови со тимот од „Емирати“ и треба да биде новото засилување за Арсен Венгер пред почетокот на новиот шампионат во Премиер лигата.

Арсенал за услугите на Санти Казорла ќе плати 17 милиони фунти, кој доаѓа од Малага која има финансиски проблеми и сè уште го нема исплатено долгот кон неговиот поранешен клуб Вилјареал. Тоа го искористија „Топчиите“ за да стигнат до овој квалитетен играч за врска, кој може да игра и како крилен напаѓач.

- Реклама -