Илузијата на поседувањето

Да “поседувам” нешто – што всушност значи тоа? Што значи нештото да биде “мое”? Ако застанете на некоја улица во Њујорк и се загледате во еден огромен облакодер и кажете: “Оваа зграда е моја. Јас ја поседувам “, вие сте исклучително богат, луд или лажго.

poseduvanje

Во секој случај раскажувате приказна во која мисловната форма “јас” и мисловната форма “зграда” се споени. Ова е начинот на кој менталниот концепт за поседување работи. Ако сите се согласат со вашата приказна, ќе биде потпишан документ со кој се потврдува согласноста. Вие сте богат. Ако никој не се согласи со исказот, ќе ве испратат на психијатар. Вие сте паднале во заблуда или пак сте импулсивен лажго.

Важно е да се сфати дека оваа приказна и мисловните форми, кои ја сочинуваат, без разлика дали луѓето ги прифаќаат или не, воопшто не се поврзани со тоа кој сте вие. Дури и ако луѓето се согласат со неа, таа конечно е само една фикција. Многу поединци не го разбираат до последниот момент од животот и едвај на смртната постела тоа дека надворешното отпаѓа и се испоставува дека ништо никогаш не било поврзано со она што тие се. Лице в лице со смртта поимот за поседување се открива како апсолутна бесмислица. Во последен момент од својот живот многумина сфаќаат дека додека барале и барале, чувството за своето јас цело време било во нив, било нивното Битие, но во голема мера обвиткано од поистоветувањето со работи, што во крајна линија значи оддалечување со умот.

“Блажени се бедните по дух – вели Исус, зашто нивно е царството небесно” (Мат. 5: 3)

Што значи “бедните по дух”? Тоа се луѓето кои не се натоварени со внатрешен багаж, со поистоветувањето (идентификации). Тие не се изедначуваат со нешта, ниту со било какви ментални концепти кои го содржат чувството за „јас“. А што значи “царството небесно”? Едноставна, но длабока радост, која ќе ја доживеете кога ќе се ослободите од поистоветувањето.

Поради оваа причина негирањето од сиот имот е древна духовна пракса како на Исток, така и на Запад. Одбивањето од поседување сепак не ве ослободува автоматски од егото. Напротив, егото ќе се потруди да го обезбеди опстанокот, откривајќи нешто друго, на пример, со менталната слика дека вие сте како некој кој се лишил од целиот интерес за материјална сопственост, и затоа е повисок и подуховен од другите.

Има луѓе кои го отфрлиле сите имот, но егото им е поголемо од она на некој милионер. Ако се ослободите од еден вид поистоветување, егото веднаш ќе си најде друга занимација. На крајот на краиштата за него нема значење со што се идентификува, под услов да има идентитет. Спротивно на потрошувачкиот стремеж и приватното поседување постојат други мисловни форми, други ментални положби кои спокојно можат да го заземаат местото на поседништвото на имотот. Со нив можете да се самопрогласите себе за прави, а другите да ги идентификувате како грешни. Тоа е еден од главните его модели на умот, една од главните форми на несвесното. Со други зборови, содржината на егото може да се менува, но не и менталната структура која го оживува и одржува.

Апсурдноста да се поседуваат нешта е најочигледна во случајот со земјата. Кога белите се населиле во Северна Америка, домородните жители воопшто не биле способни да го разберат нивниот поим за поседување на земјиште и затоа ја губат својата земја, кога Европејците ги тераат да потпишат парченца хартија, исто толку неразбирливи како што е поимот за нив. Локалните жители сметале дека и припаѓаат на земјата, а не дека земјата им припаѓа ним.

Егото е подготвено да го изедначува имањето со битието: јас имам, затоа сум јас. И колку повеќе имам, толку повеќе сум оној што сум.

Егото живее преку споредбите. Тоа, како другите гледаат на тебе, се претвора во како ти гледаш на себе. Ако секој живее во своја палата и секој е богат, зградата и богатството повеќе нема да бидат во можност да го зголемуваат чувството за јас. Во таков случај можете да се повлечете во едноставна колиба, да се откажете од своето богатство и да го ресетирате вашиот идентитет, да почнете да гледате на себе, и другите да гледаат на вас како на продуховена личност. Тоа, како гледаат на вас другите, се претвора во огледало кое ви кажува какви сте и кои сте. Чувството на егото за вашата вредност во повеќето случаи е поврзано со вредноста која ја имате во очите на другите. Ако не можете да ја увидите оваа колективна заблуда, ќе бидете осудени да работите во текот на целиот свој живот, предводени од лажни надежи да ја пронајдете вредноста и интегритетот на чувството за “јас”.

Како да се ослободите од приврзаноста кон работите? Не се обидувајте. Не е можно.

Приврзаноста кон работите самата исчезнува кога ќе престанете да се откривате себе си во нив. Во меѓувреме едноставно свесни сте дека сте приврзани кон нештата. Понекогаш е можно да не знаете дека сте приврзани, т.е. додека не го изгубите или не доживеете страв дека ќе го загубите. Доколку сте вознемирени во таква ситуација, тогаш сте приврзани кон соодветното нешто. Ако сфаќате дека сте слични со нештото, поистоветувањето престанува да биде целосно, сеопфатно. “Јас сум свест, која сфаќа дека постои приврзаност”. Тоа е почетокот на трансформацијата на свеста.

Екхарт Толе, од книгата “Нова земја”

Екхарт Толе е духовен учител и автор на неколку бестселери. Германец по потекло, тој во моментов е жител на Канада. Автор е на книгите „Моќта на сегашниот момент“ (The Power of Now) и „Нова земја“ (A New Earth), напишани на англиски јазик. Во 2011 година е прогласен за највлијателниот духовен учител во светот. Во 2008 година, новинар од „Њујорк Тајмс“ го нарекол Екхарт Толе „најпопуларниот автор за духовниот живот во САД.

Во своите книги Екхарт Толе употребува слики и мистични искази од различни духовни традиции, како што се Христијанскиот мистицизам или Будизмот, за да го опише патот кон внатрешната слобода, опишан уште во древните книги.

- Реклама -