Што овозможува новата апликација на Viber?

Популарната платформа за пораки „Viber“ деновиве претстави нова апликација – „Viber Wink“.

„Viber Wink“ овозможува инстантно фотографирање, односно  да фотографирате или да снимате видеа и да им ги испраќате на други корисници. Откако примачот ги гледа сликата или видеото, пораката автоматски се брише, што потсетува на услугата што веќе ја нуди „Snapchat“.

Viber-Update

„Сликата или видеото со „Viber Wink“ зачувајте ги во вашата галерија или наместете временска рамка и споделете ги преку „Viber“. Откако примачот ќе ја види вашата порака таа ќе исчезне”, стои во описот на новитетот.

Корисниците имаат можност да го постават тајмерот на пораката на 1 секунда, 3 секунди, 7 секунди, 12 секунди, или без временско ограничување. Апликација „Viber Wink“ е едноставна и лесна за употреба и истата вклучува и текст помеѓу фотографија или видео пораката (како во Snapchat), исто така е можно и сликање од предната камера на уредот.

Ако сакате да испратите „Viber Wink“ порака за некој кој не користи „Viber“, можете едноставно да пратите линк за надградба или да ја зачувате пораката во самиот уред. Пораката ќе исчезне откако ќе биде видена од страна на примачот. Исто така е можно и испраќање на „Viber Wink“ порака преку самиот „Viber“.

За корисниците на „Apple“, апликацијата „Viber Wink“ е компатибилна со уреди кои работат на iOS 8.0 или понов оперативен систем и е 3,7 MB. За Андроид, работи на оперативен систем верзија 4.0 или понови верзии, и е 5,3 MB.

- Реклама -