Home Популарно на 365 Тајната на американската војска и косата на Индијанците

Тајната на американската војска и косата на Индијанците

0
Тајната на американската војска и косата на Индијанците

„Се сеќавам вечерта кога мојот сопруг си дојде дома носејќи дебела папка на која стоеше ознаката доверливо. Тој беше шокиран од содржината, а тоа што го имаше прочитано засекогаш му го промени животот“, раскажува Сали, (името е променето, за да се заштити приватноста) сопруга на лиценциран психолог кој работи во болницата VA Medical.

Кога размислуваме за Идијанците секогаш ни се прикажува истата слика: Долга коса, пердуви, воени бои и индијанска секира.

Но, овој горд народ е многу повеќе од тоа, магично привлечен и длабоко духовен.
Американската војска многу често ги регрутирала Индијанците како трагачи, од времето на колонијалните војни, а потоа ги користела за пронаоѓање на населби и зимски престојувалишта на сопствениот народ. Поради тоа тие биле сметани за издајници. По пронаоѓањето следвало убиство на илјадници луѓе, масакрирани жени, деца и старци.

0195158001448459613_0

За време на граѓанската војна, Индијанците учествувале на двете страни, а во текот на Втората светска војна „навахо“ јазикот се користел за шифрирање на пораките помеѓу американската воена команда, бидејќи непријателот не можел да ги открие и разбере истите, а Индијанците во војната се користеле како телеграфи.

Општо познато е дека Индијанците на своите непријатели им го сечеле скалпот, но причината е многу малку позната, зошто тие тоа го правеле. Тие всушност верувале дека косата е извор на сила и моќ и дека нејзината загуба била знак дека Големиот Дух (Маниту), го напуштил дотичниот поединец.

Кога Индијанците се подготвувале за битка, косата ја превезувале околу лицето, ја правеле во плетенки, завиткана во кожни ремени, а во нив ставале пердув од сокол за да го спречат непријателот да  ги фати за косата и на тој начин да им ја одземе моќта.

Освоените склапови означувале победа, како над телото, така и над духот на противникот, кого со скалпирањето ќе го обечестеле.

На американската војска, кога ги регрутирала индијанските питомци, не им сметала долгата коса, но сето тоа се променило за време на војната во Виетнам, поради обидот на војската да го „униформира“ изгледот на американскиот војник. Тоа се случило без никакво објаснување, а причината до ден денес се држи во тајност.
Пред неколку години сепак во јавноста проструија информации кои што фрлаат нова светлина на ваквите настани.

По смртта на нејзиниот сопруг, кој бил воен психијатар во институциите за грижа на виенамските ветерани и работел со поранешни војници кои биле лекувани од PTS (посттрауматски синдром), сега веќе деведесетгодишната жена, излезе во јавноста со студија на која што работела американската воена медицинска служба, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг.

Кога ги прегледала материјалите и белешките на својот сопруг, дошла до заклучок дека истите треба да бидат достапни до јавнста.

0702813001448459612_0

„Се сеќавам на вечерните часови, кога мојот сопруг дојде дома носејќи дебела папка со назнака „доверливо“ на неа. Внатре беа стотици страници на доверливи студии со печати од владата. Тој беше шокиран од содржината и она што тој го прочита засекогаш го промени неговиот живот.

Од тој ден мојот конзервативен разумен сопруг, пушти коса и брада, која никогаш повеќе не ја шишаше.

Од военото раководство побара и доби одобрение нему и на неговите соработници да им биде дозволено да ја задржат долгата коса и брада.

За што всушност се работи?

Имено за време на Виетнамската војна, специјалните единици испраќале посебно обучени луѓе да ги пребараат индијански резервати и да соберат млади луѓе кои покажуваат способност за лесно и брзо пребарување на непознат и непријателски терен.

Пред да им се обратат, внимателно ги запишале и ги внеле во регистарот како „експерти во трагање и преживување“. Кога почнале да ги запишуваат, почнала нивната регрутација, а потоа се случило нешто неверојатно.

Откако, по правилата на војната служба, сите тие биле ишишани, сите до еден ја изгубиле способноста поради која биле и регрутирани. Тешките и скапи обуки и тренинзи биле залудни.

Кога биле запрашани да објаснат зошто не можат да ги исполнат барањата, постарите регрути одговориле дека по шишањето не можат да го „почуствуваат“ непријателот, дека не можат да имаат пристап до своето „шесто сетило“ и дека нивната интиуција е несигурна.

Не можеле да ги прочитаат знаците, ниту да владеат со своите духовни сетила.

ute-indian

Институтот за тестирање регрутирал нови индијанци трагачи на кои им дозволил да ја задржат долгата косата. Ги регрутирал на тој начин што направил двојки, по двајца идијанци во една група. На едниот му било дозволено да ја носи долгата коса, додека другиот бил ишишан по војнички стандарди. Тогаш тестовите биле повторени. Се покажало дека оние кои ја задржале долгата коса, успешно го повториле тестот, а додека оние ишишаните, секој пат го промашувале.

Еве како изгледал типичен тест:

Регрутот со долга коса спиел во шумата додека му се прикрадувал вооружен непријател. Многу брзо ги буди силно чуство дека се доближува опасност. Стануваат и исчезнуваат во шумата, уште пред непријателот да стигне на нивната локација.
После тоа, еден од двајцата воени регрути добива војничко шишање и идентичен тест се повторува. Резултатот се покажал дека долгокосиот регрут на идентичен начин станува и му бега на непријателот, додека другиот, воопшто не почуствувал опасност и бил совладан.

Во документите на институтот за истражување и тестирање на трагачите стои препорака дека индијанските трагачи ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ИШИШАНИ, и да им се дозволи да носат долга коса.

Тоа што судијата на американската воена медицинска истражувачка служба го заклучува е следното:

„Косата е продолжение на нервниот систем и сосема логично и исправно е да се смета дека тоа се екстрасензорни нерви, еден вид на високо развиени „антени“ кои пренесуваат огромна количина на информации на мозочниот систем, лимфниот систем и некортекстот“.

Не само косата, туку и брадата или брковите на идентичен начин емитуваат енергија од мозокот до надворешната средина.

Шишањето е фактор кој допринесува пореметување на рамнотежата во локалниот еко систем. Исто така потстрижувањето е фактор кој предизвикува напнатост во меѓучовечките односи, кои што доведуваат и до сексуална фрустрација.

Кога ги бараме причините за пореметување на светот во кој што живееме и кога ќе се запрашаме каде тоа ние грешиме, можеби одговорот секое утро ни го дава нашиот одраз во огледалото. Индијанците тоа од секогаш го знаеле, како и сите стари култури и цивилизации… па и оваа нашата.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here