Нова игра на Гугл, го претвора смартфонот во светлосен меч

Компанијата „Гугл“ се приклучи кон глобалната прослава на премиерата на најновото продолжение на познатата франшиза „Војна на ѕвездите‟, па за љубителите на серијалот подготви подарок на тема „Будење на силата‟. 

1-JJKathy-NO-LOGO

По многуте интересни детали вградени во сервисите на „Гугл“, компанијата сега нуди единствено искуство во новата игра за компјутери и смартфони.

Играта „Lightsaber Escape‟ практично го „претвора“ вашиот смартфон во светлосен меч, така што можете да уживате во борбата против натрапниците на мониторот на вашиот компјутер.

Се што треба да направите е преку пребарувачот Хром на вашиот компјутер да отидете на веб страната lightsaber.withgoogle.com, а потоа и на пребарувачот на смартфонот поврзете се на УРЛ веб адресата.

Вашиот телефон тогаш се „претвора“ во виртуелен светлосен меч, кој е поврзан со мониторот на компјутерот.

- Реклама -